15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Алијанса и Алтернатива: Владата СДСМ-ДУИ е најголем загадувач, „еколошкиот данок“ ги ограбува граѓаните

Најчитани вести

Во време на криза кога граѓаните сè уште ги чувствуваат тешките последици на пандемијата, Владата одлучи да им ја отежни уште повеќе економската состојба воведувајќи таканаречен еколошки данок. Одлуката за поскапување на нафтените деривати за 3.5% денари по литар е само уште една злоупотреба на екологијата со цел на прикривање на неспособностите на сегашната Влада во менаџирањето на буџетот и последиците на кризата, сето ова на штета на граѓаните и стопанствениците – се вели во соопштението од Алијанса и Алтернатива.

– Од оваа одлука најмногу ќе имаат последици транспортерите/превозниците. Изјавата на Премиерот Зоран Заев дека овој данок има за цел да поттикне употреба на тротинети и други еколошки средства е смешна. Што треба да прават превозниците според шефот на Владата и Министерот за Финансии Фатмир Бесими? Да ја превезуваат стоката со електрични тротинети, или да инвестираат милиони евра за купување на електрични камиони/шлепери? Владата нема одговорено на тоа како ќе се трошат околу 100 милиони евра што ќе се соберат од граѓаните преку еколошкиот данок, во кои еколошки проекти ќе се применат? Или, можеби и овие пари ќе завршат како што завршија големите суми од многуте коруптивни и криминални афери? – прашуваат од опозициската коалиција.

Оттаму додаваат дека екологијата не може да се заштити поставувајќи даноци за граѓаните и стопанствениците, а од друга страна импортирајќи мазут штетен по животот на самите граѓани. Алијанса за Албанците проценува дека животната средина не се загадува од граѓаните, туку најголемиот загадувач и уништувач е Владата СДСМ-ДУИ и нивните сомнителни бизниси.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести