0 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Алијанса за Албанците: Филипче има своја канцеларија за да договара проекти

Најчитани вести

Алијанса за Албанците смета дека случајот „Рекет“ станува покомплициран поради фактот што се инкриминираат и други државни функционери.

– ЕДЕН ОД СВЕДОЦИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ ИЗЈАВИЛ ДЕКА НА ЕДНА ОД СОСТАНОЦИТЕ ВО КУЌАТА НА БОКИ 13 ПРИСУСТВУВАЛ И СЕГАШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ. УШТЕ И ПOИРОНИЧНО ОТКОЛКУ ПОТВРДАТА ЗА НЕГОВОТО ПРИСУСТВО НА ОВАА СРЕДБА Е НЕГОВИОТ ИЗГОВОР ЗА ПРЕДМЕТНАТА СРЕДБА СО ФАКТОТ ДЕКА ТОЈ БЕШЕ ТАМУ ДА РАЗГОВАРА ЗА ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА БОЛНИЦА ВРЗ ОСНОВА НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО!

Алијансата за Албанците го потсетува министерот дека јавно-приватните партнерства се вршат со парите на даночните обврзници и дека, затоа, никаде во земјите на Европската Унија, па дури и подалеку, не се слушнало дека договори или планирање кои се во интерес на државата и народот се прават во приватен имот.

Министерот за Здравство има своја јавна канцеларија во зградата на министерството каде може да разговара и да планира градење на згради кои ќе им бидат од корист на граѓаните и здравствената услуга што ја добиваат – му порача Алијанса за Албанците на министерот Филипче.

Алијансата за Албанците бара надлежните органи, без политичко влијание, самостојно да докажат дали министерот Филипче е или не е, вмешан во случајот, што, како што велат, беше најголем удар врз правдата во земјата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести