Ја поздравуваме одлуката на обвинителството да го расветли и до крај да го истражи случајот „Рекет” носејќи ги на обвинителка клупа сите инволвирани во случајот вклучувајќи ја и Катица Јанева. Апелираме до надлежните правни институции да ги истражат сите случаи во кој се инволвирани функционери на ДУИ, почнувајќи од случајот „Маџар телеком”, „Титаник 3″ „Пациент” како и случајот со злоупотреби во пензиско-инвалидскиот фонд, соопшти Алијансата за Албанците.
„Ако сакаме да имаме целосна правда, тоа не треба да биде селективна и да важи само за еден дел од режимот, туку треба да биде бескомпромисно и да ги опфати сите без исклучок“, соопшти АА.