14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Алијанса за Албанците огорчена: ДУИ именува Македонци во агенцијата за албанскиот јазик

Најчитани вести

Застапеноста на Албанците продолжува да биде запоставена дури и во институциите што се раководени од Албанците, велат од Алијансата за Албанците. Од таму прашуваат како кадарот на ДУИ преку вработување на други националности ќе го контролира спроведувањето на законот за употреба на албанскиот јазик, кога нА клучните раководни позиции во Агенцијата за спроведување на законот за употреба на јазиците се вработуваат Македонци.

Од Алијансата велат дека на конкурсот за вработување за вкупно пет работни места, вработени се тројца од македонска националност, еден Албанец и еден Ром.

„Државен советник за лекторирање – од македонска националност. Државен советник за владина соработка и односи со јавност – од македонска националност. Раководител на одделот за соработка со Владата на Република Северна Македонија, Сектор за поддршка на директорот – македонска националност. Раководител на одделот за лекторирање, Сектор за превод и лекторирање – Албанец. Соработник за мониторинг, промовирање и заштита на употребата на јазикот, Сектор за планирање, координација и развој – од ромска националност“, соопшти АА.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com