-3 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Алијанса за Албанците: Мислењето на Венецијанската комисија е субјективно и нетранспарентно

Најчитани вести

Пратеникот од Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди го коментираше, според нив во една многу чувствителна фаза за земјата, прашањето за законот на јазиците, односно употребата на албанскиот јазик, кое се реактуализира и повторно се политизира.

„Алијанса за Албанците смета дека мислењето на Венецијанската комисија е субјективно и нетранспарентно, засновано врз најголем дел од` сомневањата изразени за време на интервјуираните функционери чиј список го нема никаде, а чии ставови оставаат простор за сомневање дека се политички мотивирани. Без емпириски податоци, мислењето на Комисијата е ирелевантно, а не треба да заборавиме дека мислењето не е обврзувачко, туку само советодавно.

Имајќи предвид дека прашањето за употреба на јазиците е суверено прашање на земјите-членки на ЕУ, што го потврдува и самата Комисија, и имајќи предвид дека Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални јазици и малцинства не е ратификувана од страна на собранието на РСМ заклучуваме дека проценувањето на законот од гледна точка за заштитата на правата на националните малцинства е погрешна и неприфатлива, со посебен акцент на фактот дека Албанците во Македонија не се малцинства.

Потсетуваме дека двојазичноста во судските постапки, внатрешната и меѓу институционалната комуникација, паричните санкции и економската подготвеност на државата да ги исполни законските обврски наметнати со закон се однесуваат на домашната политичка волја и немаат никаква врска со европските стандарди, или кршење на европските стандарди. Исто така, треба да се напомене дека премиерот Заев го прекрши политичкиот договор за усвојување на законот за јазици со тоа што побара мислење за усогласеноста со европските стандарди од страна на Венецијанската комисија за законот како целина, наместо само за член 8. Ние како Алијанса сметаме дека единствениот разумен елемент на мислењето на Комисијата е потребата јасно да се дефинира албанскиот како службен јазик на државно ниво со цел да се отстрани правната несигурност за другите службени јазици на локално ниво.

Исто така, ние како Алијанса за Албанците нема да дозволиме никаков изговор кој би довел до одолговлекување на законот, затоа што за овој закон се дискутира повеќе од една деценија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести