Home » Алијанса за Албанците до ЕУ: Одбијте ја акредитацијата на Теута Арифи како амбасадорка!

Алијанса за Албанците до ЕУ: Одбијте ја акредитацијата на Теута Арифи како амбасадорка!

by Журнал.мк

Алијансата за Албанците побара Европската Унија да ја одбие акредитацијата на Теута Арифи за амбасадор. „Наша должност е, како граѓани на оваа земја и како опозиција, да побараме од ЕУ да ја одбие акредитацијата на Теута Арифи. Нејзината акредитација би била многу штетен сигнал за правдата, бидејќи стекнувањето дипломатски имунитет од страна на Арифи би значело прекинување на нејзините кривични предмети“, изјави Арбен Фетаи, раководител на Одделот за евроинтеграција на Алијансата за Албанците

На претставници на Делегацијата на Европската Унија ја изразивме нашата огорченост по информациите дека Владата ја предложила Теута Арифи за амбасадор на Македонија во ЕУ во Брисел. Оваа одлука за нејзиното предложување како амбасадор доаѓа по скандалозните назначувања на министерот за надворешни работи Османи, кој ја претвори дипломатијата на Македонија во рај за пропаднати и корумпирани политичари. Тој неодамна го испрати поранешниот министер за полиција, просрпскиот, албанофобичен и корумпиран Љубомир Фрчкоски за амбасадор во ОН, откако САД го одбија да биде амбасадор во Вашингтон. Пропаднатиот политичар Вејсел Мехмеди беше испратен за амбасадор во Италија по услугите што ѝ ги направи на ДУИ, со тоа што му го украде мандатот на пратеникот од Алијансата за Албанците и му го предаде на Али Ахмети. Покрај Теута Арифи, Владата одлучи и да го испрати за амбасадор во Франција поранешниот југословенски функционер на Управата за државна безбедност-УДБ и поранешен разузнавач Виктор Димовски. За него во интерен документ на амбасадата на САД во Скопје, објавен на Викиликс, се вели дека Белград го чува во својот џеб и дека треба внимателно да се следи од страна на САД… Арифи е предложена за амбасадор, со што ја навредува ЕУ и дополнително ја загрозува европската иднина на земјата. Таа беше казнета од тетовци на последните локални избори за уништувањето што му го направи на Тетово како градоначалник со корумпираната власт во два мандата. Против Теута Арифи се поднесени две кривични пријави за корупциски дела. Таа ја договори приватизацијата на 71 илјади квадратни метри површина од некогашниот шумско-индустриски комбинат ‘Јелак’ во центарот на Тетово, за да му овозможи на прорускиот олигарх и поранешен министер на Радован Караџиќ, Дака Давидовиќ да заработи 200 милиони евра во операција за недвижнини. Арифи призна дека потпишала повеќе од 800 фиктивни договори за наградување партиски активисти и политички поддржувачи со пари на даночните обврзници. Ја остави Општина Тетово со долг од повеќе од 24 милиони евра, додека годишниот буџет на општината е 26 милиони. Како поранешен градоначалник на Тетово таа мора да понесе одговорност и за трагедијата во ковид-болницата каде во септември 2021 година животот го загубија 14 пациенти… Стекнувањето дипломатски имунитет на Арифи би значело прекин на кривичните постапки покренати против неа. Ова не смее да се случи! ЕУ никогаш не смее да се користи како штит од страна на корумпираните. Затоа ја повикуваме ЕУ да ја одбие акредитацијата на Теута Арифи. Такво нешто е можно, како што докажаа САД во случајот со Фрчковски. Сега на ред е ЕУ да докаже дека нема место за корумпираните во Брисел“, соопшти Алијанса на Албанците.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk