Home » Алити вели дека понудиле решение за дојавите за бомби: „МВР работи по стар систем“

Алити вели дека понудиле решение за дојавите за бомби: „МВР работи по стар систем“

by Журнал.мк

Поранешниот министер за информатичко општество Адмирим Алити во интервју за „Макфакс“ зборување и за дојавите за поставени бомби во училиштата низ Македонија.

Според него, тие понудиле решение, но истото останало блокирано.

„Донесовме и сајбер сигурност стратегија за четири години кои не се усвоени… Планот беше оваа година да се креира и Агенција за сајбер сигурност која ќе биде одговорна, но и алатка за справување со дојавите на бомби“, вели Алити.

Тој додава дека кај нас за дојавите се работи само во Министерството за внатрешни работи кое има постар систем, кој вели дека доколку има дојава мора лично полициски службеници на МВР да одат на терен и да проверат.

„Да имаме Агенција за сајбер сигурност, ќе имаме алатки која во 95% од случаите може да констатираат дали некоја дојава е лажна, и не треба МВР да оди на лице место“, вели Алити.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk