Home » Алиоски ја долови реакцијата на очајниот Берарди и испрати оригинална порака за големата победа

Алиоски ја долови реакцијата на очајниот Берарди и испрати оригинална порака за големата победа

by Журнал.мк

Сите македонски фудбалери кои истрчаа на теренот во Палермо и кои беа дел од тимот за вистински херои, а иако во фокусот се најде Александар Трајковски како јунак кој го постигна голот во 92-та минута, мора да се пофали и максималната борба за секоја топка од сите останати играчи.

Македонија се бранеше компактно и како една целина во текот на 95-те минути на „Ренцо Барбера“, па дури и во моменти кога се чинеше дека Италијанците ќе постигнат гол, се појавуваше некој македонски фудбалер и спречуваше славје на домашните играчи.

Столе Димитриевски го направи тоа во првото полувреме откако си ја поправи грешката во дуелот со Берарди, а истиот овој играч не погоди и во второто полувреме.

Езџан Алиоски имаше извонредна интервенција и пожртвувано покри во срцето на одбраната, па поради тоа реши големата победа над Италија да ја прослави со слика на која се гледа и реакцијата на Берарди по неговата дефанзивна реакција.

– Со овој тим можеме да веруваме во неверојатното, да сонуваме за невозможното!, – порача Џани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More