15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Алиоски разочаран: На ЕП не се доволни само 70 добри минути!

Најчитани вести

Брзоногиот репрезентативец, Езѓан Алиоски разочаран по поразот од Австријците вели дека не се доволни 70 добри минути за да се стигне до поволен резултат на едно Европско првенство. Тој смета дека мора да се биде на високо ниво во сите 90 минути.

„Знаевме дека Австрија е добра репрезентација, со квалитетни индивидуалци и се силни на физички план. Направивме две грешки по кои што бевме казнети со два гола. Супер игравме, но примивме два гола во финишот што го расипаа впечатокот. Штета што поради поразот многумина ќе мислат дека не сме подготвени, но ние 70 минути игравме многу добар фудбал. Мораме да играме 90 минути за да стигнеме до добар резултат. Одиме напред. Немаме време, сега треба што поскоро да имаме рекуперација и да се свртиме кон Украина. Имаме нула бодови, но и уште две средби, ништо не е загубено“ – вели Алиоски.

Македонија во второто коло од групата Ц ќе игра против Украина в четврток од 15 часот на Националната арена во Букурешт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести