10 C
Skopje
Thursday, February 25, 2021

Алими во сведочењето во СЈО: Ја чекав сопругата во ходникот, не уништував изборен материјал

Најчитани вести

На изборите во 2013 година обвинетиот координатор на ДУИ, Ејуп Алими, на записникот даден во ноември 2016 година во СЈО изјавил дека тој ден кога било гласањето ја чекал сопругата, која била претседател на избирачки одбор, и се поздравил со присутните, а не влегол воопшто во просторијата за статистика.

„Мојата сопруга Јетмире беше претседател на избирачкиот одбор во општина Чаир. Ја чекав сопругата во холот од 15 до 20 минути дури не заврши. Не влегов во просторијата за статистика. Не сум разговарал со никого од Општината”, изјавил Алими на записник, кој лично го потпишал и кажал дека нема забелешки на записникот, јавува Макфакс.

Претходно во судот рече дека немало записничар и дека биле само тој и обвинителката Фетаи.

На следното рочиште во декември во видеоконференциска врска треба да сведочи клучен сведок на СЈО од Германија, кој судот се мачеше со месеци да го обезбеди.

Во „Титаник 3“, кој е пред пресуда, обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими и Исмет Гури. Тие како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал. Според обвинението, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. На двајцата обвинети им се закануваат најмалку по пет години затвор.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести