28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“

Најчитани вести

Основниот кривичен суд Скопје денеска за случајот „Монструм“ , Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ги огласи виновни за тероризам и им пресуди доживотна казна затвор. Агим Исмаиловиќ исто така се огласува за виновен за тероризам и се осудува на казна доживотен затвор.

Хаки Азири е виновен за две кривични дела за помагање на сторител и е осуден на единствена казна затвор од 9 години.

Фејзи Азири е осуден за помагање на сторител и доби единствена кана затвор од 15 години. За Сами Љута е одбиено обвинението, поради откажување на јавниот обвинител на обвинението се до завршниот збор.

Судечкиот судија Огнен Ставрев пред изрекување на пресудите рече дека во случајот „Монструм“ не станува збор за обичен криминал.

– Се работи за монструозно садистичко убивање и ликвидирање на деца и ликвидирање на еден млад човек. Замилете ги чувставата на децата клекнати на колена пред ликвидацијата, замислете како се чувствувале, што се не им поминало низ глава. Да ги замислиме и чувставата на родителите, во која психолошка бездна биле кога разбрале дека децата повеќе им ги нема – рече судијата Ставрев.

Пресудата за случајот „Монструм“ е изречена денеска по три години судење. За овој случај судењето беше повторено.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќсе во бегство во Косово и со години косовските власти не ги екстрадираат.

Во петкратното убиство од 12 април 2012 година, во пресрет на Велигден, беа убиени четири момчиња од македонска националност на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од селото Црешево.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести