„Јас го избрав него уште пред 12 години, сега само има нова титула – свршеник. Со вас ги споделував сите тешки моменти па сакав да го споделам и најсреќниот момент“ – напиша нашата инфлуенсерка Александра Шијакоска на Инстаграм и сподели видео од романтичното запросување што го добила во Солун.
Нашата позната инфлуенсерка Александра Шијакоска на Инстаграм сподели видео од романтичното запросување што ѝ го приредил нејзиниот сакан Едмонд.
Како што може да се види од видеото, парот бил во Солун, а нејзиниот партнер совршениот миг на зајдисонце го направил незаборавен така што ја изненади со свршенички прстен.
„Благословена од Бога, разгалена од мојот свршеник. Заштитена и од двајцата“ – напиша таа до видеото.
Инаку, на Инстаграм Стори Александра сподели дека претходно биле на преглед кај нејзиниот лекар во Солун, по минатогодишната операција од тумор на мозокот, а овојпат Едмонд одлучил да ѝ исполни една нејзина долгогодишна желба и да ја однесе на Луна парк.