Александар Трајковски е слобеден играч на трансфер берзата по проблемите со кои се соочи неговиот поранешен клуб Палермо, нашиот репрезентативец во соработка со менаџерот Владо Лемиќ преговара со Милан, дознава дриблинг.мк.
Лемиќ е Србин кој работи како менаџер и досега учествуваше во трансферите на Матео Ковачиќ кој прејде од Реал Мадрид во Челзи и Лука Модриќ од Тотенхем во Реал Мадрид, сега тој преговара за потпис на Трајовски во големиот Милан.
Трајковски е во Скопје и работи на индивидуални тренинзи, има понуди од Турција, Малатија му нуди годишна плата од речиси милион евра, интерес има и од Фенербахче, претходно и од Спортинг Лисабон.
Желбата на Трајковски е да продолжи во Италија од каде има понуди и од Каљари и Лече.