14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Александар Стојковски е нов директор на ЈСП Скопје

Најчитани вести

Александар Стојковски е нов директор на ЈСП Скопје. Откако пред една недела досегашниот директор Иван Илиевски даде оставка денеска градоначалничката Данела Арсовска на оваа функција го назначи Стојковски. Тој е дипломиран машински инжинер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на во претпријатието е од пред околу четири години.

„Градоначалничката Данела Арсовска на новиот директор му посакува успешна работа, да продолжи со досегашната успешна организациска поставеност на ЈСП, со грижата за вработените и да работи пред сè во служба на сите граѓани, воспоставувајќи одлуки кои ќе бидат во интерес за сите граѓани. ЈСП ќе продолжи со сите расположливи средства и ресурси да го опслужува јавниот превоз во интерес на скопјани. Уверени сме дека ќе продолжи домаќинското работење, оптимизацијата на трошоци и консолидирање на претпријатието, како еден од предусловите кон отпочнување на следната фаза до конечно исполнување на ветувањето на градоначалничката Арсовска за бесплатен јавен превоз”, велат од кабинетот на градоначалничката Арсовска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com