14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Алегри: Финале во ЛШ? Ако играме добро и имаме малку среќа

Најчитани вести

Јувентус вечерва ќе го пречека Виљареал во Лигата на шампионите. Осмина-финалниот реванш ќе започне со резултат 1:1. Тренерот на Јувентус, Макс Алегри, потенцира дека неговиот тим се наоѓа во добра форма и дека играчите имаат амбиција да дојдат до финалето.

„Во решавачкиот дел од сезоната влегуваме во добра форма. Многу работи се решаваат во март. Март е месец кога треба да се забавуваме, но и месец кога топката станува се помала и потешка“, рекол Алегри.

Јувентус е фаворит против Виљареал, многумина посакуваат екипата да дојде до завршниот меч за титулата во Лигата на шампионите.

„Не знам дали оваа екипа има квалитет да игра во финалето, но тоа треба да им биде главна амбиција на фудбалерите. Секогаш морате да се трудите да го остварите максимумот. Ако бидеме добри и ако имаме малку среќа…“, порачал Алегри.

Натпреварот во Торино ќе стартува во 21 часот.

Досега пласман во четврт-финалето изборија: Манчестер сити, Ливерпул, Реал, Атлетико, Бенфика и Баерн Минхен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com