15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Алегри: Сега луѓето конечно се уверија, има јасен фаворит за Скудетото!

Најчитани вести

Јувентус не го одбрани домашниот терен и претрпе пораз од Интер од 1-0 во дербито во Калчо лигата.

„Старата дама“ изгледаше подобро на теренот, имаше свои шанси, ама истите не ги искористи, па како пресуден се покажа пеналот кој од втора го погоди Хакан Чалханоглу во финишот на првиот дел. Имаше доста реакции од домаќините за таа ситуација, ама тренерот Масимилијано Алегри не сакаше да се враќа назад од проста причина што ништо не може да се промени.

-Да избегнуваме да кажуваме работи што нема да помогнат во моментов. Со задоволство зборувам за настапот. Тоа беше добар натпревар од мојот тим, одигравме добро, имавме многу удари кон противничкиот гол, штета за поразот.

-Ова беше добар Јувентус, овој тим се подобрува, имавме повеќе вертикални додавања, подобро ги пронаоѓаме напаѓачите и добро работевме на техничко ниво, -рече Алегри кој доби и еден вид на лична сатисфакција со оглед на тоа што постојано тврдеше дека „бјанконерите“ не се кандидати за пехарот, меѓутоа многумина не му веруваа, сметаа дека само го трга притисокот од екипата.

-Конечно, луѓето можат да кажат дека Јувентус е дефинитивно надвор од трката за Скудетото! Треба само да освоиме што е можно повеќе бодови за да го обезбедиме четвртото место, а потоа да се подготвиме за силен почеток на следната сезона. Следната сезона ќе бидеме една година заедно, па ќе почнеме да се обидуваме да го освоиме Скудетото. Нормално, оваа година почнавме лошо и моравме да оправуваме многу натпревари. Бевме победени и од индивидуални инциденти на големите натпревари, -дополни стратегот кој го гледа Интер како изразит фаворит за титулата без разлика што е на минус три бода од Наполи и Милан.

-Треба само да го погледнете распоредот на натпревари за да знаете дека Интер е фаворит. Остварија важна победа овде, имаат натпревар под рака, ова беше триумф за зголемување на самодовербата и да по вечерашниот натпревар тие се фаворити, -заврши популарниот Макс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com