14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Алегри само со два збора најави каде ќе работи од лето

Најчитани вести

Поранешниот кормилар на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри од летово е без работа откако „старата дама“ го замени со Маурицио Сари, па овој тренер моментно е без ангажман и сега само со два збора најави каде ќе работи. Останува неизвесно кој клуб ќе го одбере.

Под палката на Алгри, Јувентус освои пет титули по ред во Серија А и четири купови, но неуспехот во минатата сезона во ЛШ практично го чинеа продолжување на претстојот, откако клубот го засили Кристијано Роналдо. Сега, Алегри објави дека учи англиски, како најава дека следна дестинација му е – Премиерлигата.

Манчестер јунајтед и Арсенал се споменуваат како можни дестинации, особено после ужасот и очајот на резултатски план досега сезонава, па нема да биде чудно ако Алегри не преземе некој од овие два гиганти, што би значело дека само чаршиски муабети биле приказните дека ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Наполи и дека ќе му биде шеф на Елиф Елмас.

„Во фудбалот ќе се вратам во јуни идната година. Не одам во ниту еден клуб дотогаш. А, да, да не заборавам – учам англиски. Тука во Милано“, рекол Алегри за „ЕСПН“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com