10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Алегри по поразот од Емполи: Веќе нема да зборуваме за Роналдо, ова беше лекција

Најчитани вести

Една недела откако пропуштија водство од 2:0, стартот на сезоната на Јувентус доживеа нова лоша точка, откако загубија дома со 0:1 од актуелните шампиони во Серија Б, Емполи, кои не беа исплашени од големата шанса за да стигнат до три поени на „Алијанц“ стадионот.

Масимилијано Алегри веднаш под притисок, но вели дека лекциите ќе бидат научени.

„Почнавме силно, примивме гол по првата грешка и потоа премногу се брзавме. Ни беше потребно трпение кое го немавме. Мораме да работиме напорно, но мислам дека овие два меча ќе ни помогнат да го извлечеме максимумот. Научивме што згрешивме во Удине, а сега добивме уште една вредна лекција. Потребно ни е време, не можеме да одиме од 0 до 10 во една секунда“, вели Алегри.

Очекувано, тој беше прашан дали Кристијано Роналдо, кој веќе потпиша со Манчестер Јунајтед, недостасувал во мечот.

„Кристијано помина три години во Јувентус, постигнуваше голови, нешто што секогаш го правел, но сега веќе нема да зборуваме за него. Имаме добар тим, мораме да сфатиме дека не треба да доминираме во секој меч. Секогаш сум оптимист“, вели тренерот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com