11 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Алдервирелд стави потпис на нов договор со Тотнем, доаѓањето на Мурињо си го прави своето

Најчитани вести

Тоби Алдервирелд стави потпис на нов договор со Тотнем според кој во клубот ќе остане до 2023 година.

Алдервирелд беше еден од тројцата важни фудбалери на Тотнем на кои договорот им истекуваше по крајот на оваа сезона.

Мурињо со своето доаѓање го врати победничкиот дух и ја подобри атмосферата во соблекувалната. Се очекуваше дека Португалецот може да има влијание барем некој од тројцата играчи кои одолговлекуваа со потпис на нов договор да ја продолжат соработката со Спарс.

Тоа почна да се случува, Тоби Алдервирелд денеска стави потпис на нов договор.

„Со задоволство можеме да информираме дека Тоби Алдервирелд потпиша нов договор со клубот до 2023 година“, стои во соопштението на Тотнем.

Останува да видиме дали ваквиот пример ќе го следат и Вертонген и Ериксен.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести