28.8 C
Skopje
Friday, August 6, 2021

Алвес е убеден: Само е прашање на време кога Нејмар ќе се врати во Барселона

Најчитани вести

Искусниот бразилски репрезентативец, Дани Алвес е убеден дека неговиот сонародник ќе се врати во Барселона.

Нејмар во 2017 година за рекордна сума на пари од 222 милиони евра од „Камп Ноу“ се пресели во Пари Сен Жермен, но по само две сезони тој сакаше да си замине од француската престолнина, односно минатово лето беше блиску до кам-бек во Каталонија.

Ама Барса и ПСЖ сепак не успеаја да најдат заеднички јазик и да си подадат рака, но се е отворено и во иднина ова може да се случи. Алвес е сигурен дека само прашање е на време кога Нејмар ќе го видиме во дресот на шапнскито шампион.

-Сигурен сум дек Нејмар можеда се врати во Барсеона ако сака. Неговата среќа и понатаму е во Барселона. Мислам оти треба да го напушти ПСЖ и да се врати на „Камп Ноу“. Неговиот кам-бек е само прашање на време, -смета Дани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести