17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Алба: И да знам каква е иднината на Меси, нема да ви кажам

Најчитани вести

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба го коментираше престојниот дуел со ПСЖ во Лигата на шампиони.

Алба беше запрашан и за иднината на Лионел Меси, кој се поврзува со трансфер токму во Пари Сент Жермен.

„Во овој дуел нема фаворити, не очекува тежок меч. И во двата меча треба да играме со голем интензитет. Победата од 6:1 над ПСЖ? Таа е од голема важност, но не е ништо специјално. Отсуството на Нејмар е многу важно и ќе биде предност за нас. Победникот ќе го решат мали детали“, изјави Алба.

„Меси? Дури и да ја знаев неговата иднина, немаше да ви кажам. Тој е 100% сконцентриран на Барселона и ќе донесе одлука на крајот на сезоната. Многу се зборува на таа тема, тој добро ќе размисли ќе донесе одлука која ќе биде најдобра за него“, заклучи Алба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести