Home » Албарез очекува годинава со Македонија поголема соработка и разговори за важни европски прашања

Албарез очекува годинава со Македонија поголема соработка и разговори за важни европски прашања

by Журнал.мк

„Сакам да ви пренесам дека е зголемен интересот на Шпанија за Западен Балкан и на вашиот процес на преговори за пристапување кон ЕУ.. Шпанија ја поддржува европската интеграција на Западен Балкан, а тоа што е од особена важност е дека Шпанија од половината на годинава ќе го преземе претседателствувањето со ЕУ кое ќе се совпадне со вашето претседателствување со ОБСЕ. Верувам тоа ќе биде силна основа за добра соработрка во овие тешки и сложени времиња во Европа имајќи ја предвид руската инвазија врз Украина“, изјави шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарез Буено, кој дојде во куса посета на Скопје и со својот домаќин министерот Бујар Османи даде изјава на заедничката прес-конференција по што замина од МНР.

Во својата изјава шпанскиот министер уште додаде:

„Се согласивме во поддршката на украинската борба за слобода и територијален интегритет.  Влегувањето на Македонија во НАТО и активностите во рамки на Алијансата ги зајакнаа односите меѓу Македонија и Шпанија, а напредува и економската соработка. Оваа земја е прилвечна за шпанските компании. Најдобар пример за тоа е компанијата „Идом“ во третирањето на водите во Охридското Езеро и сигурен сум дека овој пример ќе повлече и многу други претпријатија и ќе овозможи да се зголемува нашата размена на економски план. Верувам дека нашите размени на економски план ќе бидат во постојан раст. На министерот Османи му кажав дека Шпанија сака да направи конференција за Балканот и се согласивме дека тоа ќе биде од важност за напредокот на земјите“.. 

Османи искажа задоволство што оваа прва историска билатерална посета на министер за надворешни работи од Кралството Шпанија на нашата држава се случува во предвечерието на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи следната година меѓу двете држави и воедно во пресрет на преземањето на претседателството со ЕУ од страна на Мадрид, како силна порака на поддршка на нашиот европски пат.

„Посетата доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на Европската Унија и нашето европско досие. Да потсетам дека Шпанија на 1 јули го презема претседателството со Европската Унија од Шведска; клучен период за нас, кога според планот завршува скрининг процесот, и земјава треба да влезе во новата фаза од преговорите, а тоа е отворањето кластери и поглавја” нагласи Османи.

османи албарез

За таа цел, двајцата министри потпишаа Меморандум за разбирање меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Шпанија за развој на соработката во процесот на пристапување на земјава во Европската Унија.

 На средбата стана збор и за соработката во рамки на ОБСЕ во духот на актуелниот геополитички контекст, при што Османи, во својство на претседавач на ОБСЕ, истакна дека Украина останува прв приоритет на претседавањето со Организацијата. Османи го информира соговорникот дека веќе е воспоставена блиска комуникација и соработка со Високиот претставник на ЕУ и Потпретседател на Европската Комисија, Жозе Борел и изрази подготвеност за синергија и синхронизирано делување на двете претседавања – ОБСЕ и Советот на ЕУ до крајот на 2023 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More