17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Албанците со рекорд во Европа- над 11 илјади лани аплицирале за азил

Најчитани вести

Иако со побавно темпо, албанските граѓани продолжуваат да бараат азил во некоја од земјите на Европската унија и да бидат најбројни во споредба со граѓаните на други земји во Европа.

Последните податоци на Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) покажуваат дека во 2021 година барање за азил поднеле вкупно 11.246 албански граѓани, од нив 77 отсто аплицирале по првпат.

Други податоци на Еуростат покажуваат дека во споредба со претходната година, кога движењето беше ограничено поради пандемијата, барањата за азил се зголемиле за 19 проценти. Во периодот од 2013 до 2021 година рекорден број имало во 2015 година кога азил побарале 68.925 албански граѓани.

-И покрај трендот на опаѓање, во однос на земјите од регионот, Албанците сакаат да заминат повеќе од сите други земји во регионот. Од Северна Македонија, која е втора земја на листата има околу 5 илјади барања или помалку од половина од Албанија. Следува Србија со 3.200, Босна и Херцеговина со 2.500, Косово со околу 2.300 и Црна Гора со помалку од 500. Дури и во однос на населението, Албанија е рекордер со 3,9 барања на 1000 жители, пренесува агенцијата Балкан веб.

Според истиот извор значително посилен пораст има само кај граѓаните на Северна Македонија (5.000), чии апликации се зголемени за четирипати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com