2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Албански министер бара Србија да му плати воена оштета на Косово и да го признае

Најчитани вести

Вршителот на должноста министер за надворешни и европски прашања на Албанија Гент Цакај изјави денеска дека Србија треба да го иницира прашањето за плаќање на воена отштета на Косово и оти процесот на нормализација на односите меѓу двете земји треба да заврши со признавање на независноста на Косово.

На средбата со амбасадорот на Косово во Тирана Наит Хасани, Цекај ја потенцираше потребата од заедничка политичка акција против кампањата на Србија за повлекување на признавањата на Косово.

Тој, исто така, на Фејсбук напиша дека соработката меѓу двете држави би можела да се зајакне преку создавање заеднички пазар и единствена царинска унија.

„Посебно ја истакнавме потребата од заедничко дејствување на Албанија и Косово кога станува збор за воените злосторства, проектите на етничко чистење и геноцидот кој Србија го направи во Косово. Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, исто така, значи однос кон системските злосторства против албанскиот народ во Косово“

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com