19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Албански државјани ограбувале куќи во Врапчиште

Најчитани вести

Двајца албански државјани се уапсени од сомнение дека ограбувале куќи во Врапчиште.

Според информациите на МВР, синоќа во село Неготино, гостиварско биле уасени Б.Д.(20) и К.Д.(22), двајцата од Албанија, кои времено престојувале во куќа на жител од ова гостиварско село, поради сомнение дека минатата и оваа година извршиле десетина тешки кражби во поширокиот регион на Врапчиште.

При претресот во просториите во кои тие престојувале, биле пронајдени и одземени 42 разновидни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите.

Двајцата албански државјани се задржани во Полициската станица Гостивар. По документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести