23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Албанските новинари бараат приоритет во вакцинирањето

Најчитани вести

Во Албанија како последица од Ковид-19 починати се осум новинари, а неколку десетици новинари и други медиумски работници се заразени при извшувањето на нивните секојдневни работни задачи, информираше Унијата на новинари.

-Пред три дена почина новинарот Арбен Костури по двонеделна битка со Ковид. За жал, битката ја загубија и колегите Лек Плани во Скадар, Зенепе Лука во Валона, Пренд Шота во Фуш Круја, како и Нури Драгои, Коце Деволе, Касем Хисенбелиу и 35-годишниот Јулијан Бузо во Тирана. Но, во меѓувреме животот на стотици други новинари е загрозен и затоа решението е да се стават новинарите во приоритетната категорија за вакцинација наведува Унијата.

Самите новинари сметаат дека вакцинацијата за медиумските работници е задоцнета и оти тие требало да бидат опфатени заедно со здравствените работници.

-Сметам дека имунизацијата кај новинарите е задоцнета. Ние бевме на работна задача уште кога на улица се гледаа само полициските работници. Треба под итно да бидеме вакцинирани, вели таа.

Истиот став за Топ чанел го изнесуваат и Емал Ќори и Есона Кономи, додавајќи дека поради природата на работата постојано се во контакт со луѓе, поради што треба да бидат дел од приоритетната листа.

Во Албанија процесот на вакцинација почна на 11 јануари, најпрво со здравствените работници, потоа лица сместени во старски домови и повозрасни од 80 години а од петокот и просветните работници и до сега се опфатени вкупно 33.369 лица.

По пристигнувањето на нова пратка на вакцини од Фајзер на почетокот на следниот месец, како што најави премиерот Еди Рама, ќе почне вакцинацијата на припадниците на полицијата и армијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести