17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Албанските демократи на изборите ќе настапат во коалиција со уште 13 партии

Најчитани вести

Албанската обединета опозиција на парламентарните избори ќе настапува под слоганот „Демокрарска партија- Алијанса за промени“.

Договор за тоа е постигнат доцна синоќа кусо пред истекот на рокот за доставување барање за регистрација за учество на изборите на 25 април до Централната изборна комисија(ЦИК).

Освен Демократската партија на Љуљзим Баша, во ова изборна коалиција се уште 13 партии, меѓу кои и партијата Нов демократски дух, на поранешниот претседател Бамир Топи, кој претходно беше член на Демократската партија, Републиканската партија на Фатмир Медиу, како и партијата на албанските Грци, Партија обединување за човекови права на Вангел Дуле.

-За осум години Рама ја доведе Албанија на нула и потфрли во секоја насока. Земји како нашата веќе се многу поуспешни од нас. Албанија изгуби поради Рама. Рама, кој не постигна ниту еден успех веќе осум години, не може да побара уште четири години. Дојде време за промени. Денес ја обезбедивме победата на Албанија. Имаме сериозни работни планови да ја одведеме Албанија до победата. Алијанса за промена. Албанија победува, напиша Баша на социјалните мрежи.

Во оваа изборна коалиција го нема најголемиот сојузник на демократите, партијата Движење за социјалистичка интеграција (ЛСИ) на Моника Круемади, која одлучи на изборите да настапува самостојно, но е договорена постизборна коалиција.

Од кампот на владејчката Социјалистика партија нема потврда дали на изборите ќе настапат самостојно или во коалиција, освен што пред два дена лидерот Еди Рама рече дека се во „изборна коалиција со народот“.

Во текот на денов се очекува ЦИК да соопшти колку коалиции и парти се пријавиле за изборите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com