1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Албанскиот специјалец кој уби момче што не почитувало полициски час, доби десет години затвор

Најчитани вести

Судот во Тирана денеска осуди поранешен полициски специјалец на десет години затвор за убиството на момче за време на полицискиот час, воведен поради пандемијата на коронавирусот. Обвинителството бараше двојно повисока казна.

Судот во Тирана го осуди Невалдо Хајдарај, поранешен припадник на албанската специјална единица „Шќипоња“, за „убиство со пречекорување на нужната одбрана“ на 8 декември 2020 година.

Тој беше осуден за убиство на 25-годишниот Клаудијан Раша за време на полицискиот час во населбата „Лапрак“ во Тирана. Полицијата тогаш соопшти дека Раша бегал и ги игнорирал повиците на полицајците да застане. Убиството предизвика бран од насилни протести во главниот град и во повеќе други албански градови. По ова, Хајдарај беше отпуштен од полицијата.

Протестите доведоа до оставка на министерот за полиција, Сандер Лешај, кој образложи дека се повлекол од морални причини.

На денешното, последно рочиште, Хајдарај не зборуваше, но неговиот адвокат побара извинување од семејството Раша.

Таткото на убиеното момче, Ќазим Раша, изјави дека ќе се обрати на повисоките судски инстанци за да побара правда за синот кој, како што рече, откако полицијата го убила, се обидела да го прикаже како криминалец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести