9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Албанскиот Парламент ја достави до Уставниот суд одлуката за разрешување на претседателот Мета

Најчитани вести

Албанскиот законодавен дом попладнево до Уставниот суд ја достави одлуката за разрешување на претседателот Илир Мета.

Уставниот суд има рок од три месеци да одлучи дали ќе го разгледа случајот или не, додека нема ограничување во времето до кога мора да го заврши судењето и да донесе одлука. Треба да донесе конечна одлула дали наодите на Собранието, за сериозно кршење на Уставот од страна на Илир Мета, се основани или не.

На седницата на 9 месецов парламентот со 104 гласови донесе одлука за разрешување на Мета, што значи дека за негово разрешување гласаа и пратеници од опозицијата.

Во обемниот извештај од стотина страници, во кој се внесени транскрипти од сите јавни изјави на Мета, неговите објави на социјалните мрежи, пред и за време на изборната кампања, анкетната комисија дошла до заклучок дека претседателот сериозно прекршил 17 члена од Уставот.

Мета е првиот претседател на Албанија за кого Парламентот носи одлука за разрешување во тридеценискиот плурализам во земјата.

Шефот на државата ја прогласи одлуката на парламентот за неуставна и најави дека ќе продолжи да биде претседател до 22 јули 2022 година, датумот кога ќе му заврши мандатот. – Одлуката за мое разрешување е да се отргне вниманието од изборниот криминал, вели тој.

Одлуката Мета ја оцени како „последна претстава на монистичкиот парламент“ што се прави за да се оттргне вниманието од истрагата за изборниот криминал. Повтори дека ќе продолжи да биде претседател до 24 јули 2022 година, датумот кога му завршува мандатот

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com