7.8 C
Skopje
Wednesday, December 7, 2022

Албанскиот парламент отфрли резолуција за Сребреница

Најчитани вести

Албанскиот парламент отфрли денес резолуција за признавање на наводниот геноцид во Сребреница, во Босна и Херцеговина, пренесуваат албанските медиуми.

Против резолуцијата гласаа 51 пратеник. Поранешниот премиер Сали Бериша по гласањето се обрати во собранието и ги обвини пратениците од мнозинството дека „гласале по налог на (српскиот претседател) Александар Вучиќ“.

„Никогаш не постоела антиалбанска Албанија како во времето на Еди Рама“, кажа Бериша.

Пратеникот Тритан Шеху кажа дека тоа е горчлив и грд ден за албанскиот парламент.

„Ние сме единствениот парламент кој нема формален документ со кој би се осудил геноцидот. Ова е ден кој остава тешка трага на демократскиот свет. Пред неколку дена овие господа гласаа против резолуција со која се осудува рускиот геноцид во Украина. Денес не прифатија резолуција за осуда на српскиот геноцид во Босна, утре нема да прифатат да го осудат српскиот геноцид на Косово. Зошто? Тоа се врски, обврски, Вучиќ е над сè. Тоа се цели, затоа денес сме засрамени во албанскиот парламент“, кажа Шеху.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести