-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Албанскиот парламент денеска избира главен државен обвинител

Најчитани вести

Албанскиот Парламент се очекува денеска на пленарна седница да избере нов главен државен обвинител.

Високиот совет на обвинтелството од повеќето кандидати кои аплицираа за оваа функција а кои претходно го минаа ветингот, на законодавниот дом му предлага тројца кандидати според овој редослед: Олсиан Чела, Арта Марку и Фатјона Мемчај.

Според законот, новиот прв човек на државното обвинителство се избира со 84 гласови, што значи дека на мнозинството ќе им бидат потребни и гласовите на опозициски пратеници.

Исто така, законот предвидува дека доколку не се обезбед потребнот број гласови, тогаш прворангираниот кандидат на списокот , во овој случај Олсиан Чела автоматски станува главен државен обвнител.

Арта Марку на оваа функција како вршител на должноста беше поставена пред две години,само со гласовите на владејачката Социјалистичка партија,откако тогашниот Адриатик Лала, поднесе оставка поради сосменија за вмешаност во корупција.

Главнот државен обвинител се избира со мандат од седум години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com