23 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Албанскиот народен правобранител бара укинување на 14-дневниот карантин за граѓаните од Македонија и од Грција

Најчитани вести

Поништување на одлуката за задолжителен двонеделен карантин за лицата кои влегуваат од Македонија и од Грција во Албанија, побара вчера Народен правобранител во Тирана. Тој оценил дека тоа го спречува остварувањето на нивното уставно право на глас на граѓаните на претстојните парламентарни избори закажани за 25 април.

Во препораката испратена до Министерството за здравство, Централната изборна комисија и Техничкиот комитет на експерти, се бара целосно и итно поништување на одлуката.

– До институцијата народен правобранител, група здруженија на албански емигранти во Грција поднесоа жалба, изразувајќи загриженост за последниот предлог на Техничкиот комитет на експерти за одредување период од две недели за албанските емигранти кои живеат во Грција, ако тие дојдат во Албанија во период на важноста на одлуката – наведува правобранителот.

Според жалбата, оваа предложена мерка го попречува и всушност го негира правото на глас на оние емигранти кои сакаат да го искористат ова основно право на општите парламентарни избори, што ќе се одржат на 25 април 2021 година. о жалбата, оваа предложена мерка, исто така, се смета за дискриминаторски третман кон нив, бидејќи на албанските емигранти кои живеат во други земји им е дозволено да влезат во Албанија без да бидат ставени во карантин, додека на албанските емигранти во Грција не.

Ова е само едно од низата барања за укинување на оваа одлука.

Укинување на одлуката, под итно, побараа и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, како и Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кои одлуката ја оценија како избрзана и погрешна. Претходно тоа го побара претседателот Илир Мета, кој истата ја смета за сериозен неуставен акт за спречување на албанските емигранти да учествуваат на изборите.

За опозициските политички партии во Албанија, одлуката е намерна „за да се спречи доаѓањето на емигрантите да гласаат на изборите на 25 април“ и истата Партијата Движење за социјалистичка интеграција, на Моника Круемади, ја обжали во Управниот суд.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести