20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Албанската полиција спречи шверц на околу еден тон марихуана

Најчитани вести

Албанската полиција, во соработка со Гуарда ди финанса и Фронтекс, спречи шверц на околу еден тон марихуана.

Во акцијата уапсени се тројца албански државјани, а по еден се трага, сите жители на Валона, на возраст од 19 до 33 години. Како и двајца украински државјани, на возраст од 43 и 67 години.

Тие ќе одговараат пред судот во Валона.

„Во акцијата ‘Сири'(око), која беше реализирана од копно, вода и од воздух, беа ангажирани 250 полициски службеници. Запленети се 992 килограми марихуана, три моторни чамци, две патнички моторни возила и неколку мобилни телефони. Голема помош во акцијата даде италијанската полиција со навремените информации за движењето на чамците кои беа пресретнати во морските води“, извести албанската полиција.

Во меѓувреме, медиумите јавија дека во две одделни акции грчката полиција запленила 377 килограми марихуана во пограничната зона со Албанија, од каде била прошверцувана дрогата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com