Home Регион Албанската полиција приведе двајца осомничени за нападот на зградата на телевизијата Топ чанел

Албанската полиција приведе двајца осомничени за нападот на зградата на телевизијата Топ чанел

by admin

Според информации на медиумите, полицијата во Валона формирала специјална истражна група од секторот за тешки кривични дела којашто ќе ја испитува вмешаноста или поврзаноста на двајцата осомничени со оружениот напад на телевизијата

Албанската полиција приведе две лица кои се осомничени за оружениот напад во зградата на телевизијата Топ чанел во Тирана во кој загина човек од обезбедувањето на телевизијата.

Според албанските медиуми, лицата се по потекло од Скадар, а приведени се во Валона непосредно по пукањето под сомнение дека се вмешани во нападот.

Според информации на медиумите, полицијата во Валона формирала специјална истражна група од секторот за тешки кривични дела којашто ќе ја испитува вмешаноста или поврзаноста на двајцата осомничени со оружениот напад на телевизијата.

Идентитетот на приведените засега не е познат.

Кон објектот на албанската телевизија Топ чанел било пукано синоќа околу 1 часот по полноќ, при што бил убиен 60-годишниот Пали Кока кој бил ангажиран како обезбедување.

Албанскиот претседател Блерим Бегај го нарече нападот сериозен инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, истовремено изразувајќи сочувство до семејството на убиениот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More