23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Албанската Влада издвои 10 милиони долари за набавката на кинеските вакцини

Најчитани вести

Албанската Влада на Министерството за здравство му одобри 10 милиони долари за набавка на кинески вакцини Синовак, преку турската компанија „Кејем илач Синаји ве тикарет“.

Преку турскиот дистрибутер, за време на престојот во Истанбул, премиерот Еди Рама обезбеди милион дози, од кои првата пратка од 192.000 веќе пристигна и денеска почна масовната вакцинацијата на повозрасната популација од 70 години.

Како што Рама претходно најави, во рок од два месеца а може побрзо, во земјата ќе пристигнат уште 500.000 вакцини.

При обиколката на вакциналните пунктови низ Тирана, Рама истакна дека дневно ќе бидат имунизирани по 10.000 лица и оти до денеска вакцинирани се 65.000 луѓе.

Масовна вакцинација покрај во Тирана денеска почна и во Корча, Елбасан, Драч и во други градови.
Според денешните податоци објавени од Министертвото за здравство во последното деноноќие регистрирани се 493 нови случаи, но направени е помал број тестови (2.993), што е 16,4 отсто од тестираните, закрепнале 557 лица, додека починаа шест лица.

Во земјата висок е бројот на активни на болеста се 32.468, најмногу од нив во Тирана – 22.205 лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести