24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Албанија ќе се повлече од „мини Шенген“ ако не се вклучи Косово

Најчитани вести

Доколку Косово не биде вклучено во планот за „Мини Шенген “ на Балканот, Албанија најави повлекување од оваа иницијатива. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај. Цакај вели дека вклучувањето на Приштина во регионалниот „Мини Шенген“ е суштински услов на премиерот на Албанија Еди Рама и за тоа нема да преговара.

Дополнително, официјална Тирана смета дека во проектот за подобра и полесна трговска соработка треба да влезат и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Дополнително, албанскиот министер смета и дека терминот „Мини Шенген“ треба да се промени. Инаку, во Македонија веднаш по најавата за „Мини Шенген“ реагираше бизнис заедницата која смета дека земјава нема воопшто да профитира од ваквите трговски олеснувања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести