4 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

Албанија протера руски дипломат поради кршење на санитарните мерки

Најчитани вести

Албанија денес протера руски дипломат поради наводно непочитување на мерките воведени за сопирање на ширењето на заразата со ковид-19.

Министерството за надворешни работи на Албанија го прогласи Алексеј Кривошеев за персона нон грата и му нареди да ја напушти земјата во следните 72 часа.

„Се надеваме дека таквата одлука во овој предизвикувачки момент за светот ќе биде сфатена од руска страна како неопходен чекор во заштитата на здравјето и безбедноста на сите во Албанија“, се наведува во соопштението на албанското министерство.

Иако за тоа бил информиран рускиот амбасадор, дипломатот од април минатата година непрекинато ги кршел мерките.

„Повтореното кршење на санитарните мерки и занемарувањето на загриженоста на албанските државни институции околу тоа, повеќе не може да се оправда и толерира“, се наведува во соопштението.

Во Албанија на сила е полициски час во текот на ноќта, задолжително носење маски во затворено и на отворено и одржување дистанца.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести