21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Албанија почна масовно вакцинирање

Најчитани вести

Масовна имунизација на населението почна денес во Албанија, во пресрет на летната туристичка сезона, откако земјата набави 192.000 дози од кинеската вакцина против коронавирусот.

Стотици постари од 70 години доаѓаат на плоштадот Скендербег во Тирана, каде што вакцинациите се вршат во два големи шатори.

Албанија почна со вакцинација во средината на јануари, но таа се одвиваше многу бавно сѐ додека не пристигнаа вакцините од кинеската компанија „Синофарм“ оваа недела.

Пред кинеската вакцина, во Албанија пристигнаа помалку од 100.000 дози вакцини Фајзер/Бајонтек и Астра зенека и руската вакцина Спутник V.

Досега во Албанија се вакцинирани 65.000 лица, вклучително и медицински персонал, лица над 80 години и наставници во училиштата.

Вакцините на компанијата Синофарм оваа недела ги донесе премиерот Еди Рама од Турција, додека во следните два месеци Албанија треба да прими 500.000 дози од вакцината на кинеската компанија Синовак.

Рама исто така рече дека компанијата Синовак ќе гради фабрика во Албанија, која ќе произведува разни вакцини.

Албанската влада сака да вакцинира што повеќе луѓе за земјата да биде подготвена за летната туристичка сезона. Пред пандемијата на коронавирусот, туризмот стана важна индустрија за економијата на Албанија.

Странските туристи што доаѓаат во Албанија нема да мора да докажуваат дека примиле вакцина против коронавирусот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести