-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Албанија од утре воведува подолг полициски час

Најчитани вести

Во последното деноноќие во Албанија коронавирусот е дијагностициран кај 1 054 лица, што е прва четирицифрена и во исто време највисока бројка по третиот бран
Од 1 септември во Албанија се воведува полициски час кој ќе трае од 23 часот до 6 часот наутро, а од 6 септември воведува и построги контроли на граничните премини.

Сите лица кои ќе сакаат да влезат во земјата ќе треба да поседуваат потврда за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, брз антиген тест од 48 часа или потврда дека прележале ковид, валиден до 6 месеци по заздравувањето.

Во последното деноноќие во Албанија коронавирусот е дијагностициран кај 1 054 лица, што е прва четирицифрена и во исто време највисока бројка по третиот бран, јави МИА од Тирана.

„Од направени 7 256 тестови, позитивен резултат е добиен кај 1 054 граѓани, што е 14, 6 отсто од тестираните. Најмногу од случаите или 303 се во Тирана, 157 во Скадар, 60 во Драч. Во исто време закрепнале 469, а починале три лица. Активни на болеста се 10 088, а болнички во Инфективната клиника-Ковид 1 болница се третираат 96 пациенти, од нив осум се деца“,

соопшти албанското Министерството за здравство.
Поради потребата од болнички легла, како што најави ресорната министерка Огерта Манастирлиу, која беше во инспекција на просториите, подготвена е за прием на пациенти и болницата која функционираше како Ковид 3.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com