17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Албанија од денеска воведува двонеделен карантин за граѓани од Северна Македонија и Грција

Најчитани вести

Албанија од денеска воведува двонеделен карантин за сите кои влегуваат на нејзина територија од Северна Македонија и од Грција. Одлука за тоа вчера донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата и истата ќе биде во сила до трети мај. „Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите“, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

Таа додаде дека велигденските празници во Албанија ќе донесат многу лица и емигранти од други земји, а имајќи предвид дека во минатата година по овој празник бројот на новозаразени забележал голем раст, како и зголемен број смртни случаи, комитетот ја донесол оваа одлука.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести