15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Албанија: За првпат во оптек банкнота од 10.000 лека

Најчитани вести

За првпат, Централна банка на Албанија пушта во оптек банкнота од 10.000 лека, чијашто вредност одговара на нешто повеќе од 80 евра или 100 американски долари.

Според гувернерот Гент Сејко, банката на овој чекор се одлучила со цел да одговори на зголемената побарувачка за готовина во земјата со растот на економската активност, како и побарувачката за „физички банкноти со повисок квалитет и безбедност“.

Банкнотата 10.000 лека има двојно поголема вредност од претходната најголема апоен од 5.000 лека, што е во оптек во Албанија.

На банкнотата заедно со голем број безбедносни елементи има симболи на албанското знаме и химна и портрет на познатиот поет и публицист Александар Ставре Дренов( 1872-1947), кој е автор на текстот и музиката на албанската национална химна.

Новата банкнота ќе стане законско средство за плаќање на 31 овој месец

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести