Home » Албанија го одложи пописот на населението планиран за октомври

Албанија го одложи пописот на населението планиран за октомври

by Журнал.мк

Албанија го одложи за идната година пописот на населението и становите планиран за октомври годинава, соопшти Институтот за статистика – ИНСТАТ. „Во услови на необезбедување алатки потребни за собирање информации на терен, невозможно е да се спроведе оваа активност. Институтот за статистика останува посветен на својата цел да го спроведе пописот на населението и становите во согласност со стандардите и препораките на Обединетите нации и Статистичката канцеларија на Европската унија (Евростат), се наведува во соопштението, што го пренесе Топ чанел.

Ова е вторпат како се одложува спроведувањето на оваа статистичка операција. Првиот пат одложувањето беше поради ситуацијата создадена од пандемијата со ковид-19. Потоа, ИНСТАТ одлучи на 1 октомври годинава официјално да започне пописот на населението, за што почна спроведување на потребните подготвителни активности.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk