-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Албанија ангажира американска компанија за сајбер безбедност по протекување податоци

Најчитани вести

Албанската влада објави дека ангажира американска компанија за подобрување на сајбер безбедноста во земјата по големото протекување податоци. Албанскиот премиер Еди Рама рече дека владата потпишала меморандум за разбирање „за зајакнување на безбедноста на дигиталните системи“ со Jones Group International. Компанијата, со седиште во американската сојузна држава Вирџинија, ја води пензионираниот генерал Џејмс Џонс, поранешен советник на американскиот претседател за национална безбедност и поранешен врховен командант на сојузничките сили во Европа.

Владата во Тирана наведува дека американската компанија прво треба „целосно да ги скенира“ албанските системи за да провери како тие се изложени на напади од земјата и од странство. Потоа треба да смисли стратегија за инсталирање повеќеслојни системи за заштита за да се спречат сајбер напади во земјата каде што повеќе од 90 проценти од услугите на јавната администрација се достапни онлајн. Во декември, владината база на податоци за вработените во јавниот и приватниот сектор протекоа лични податоци на околу 690.000 луѓе, вклучително и матични броеви и податоци за вработување и плати. Податоците масовно се споделуваа преку апликации за пораки. Уште едно протекување од државната база на податоци дојде пред парламентарните избори во Албанија во април минатата година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com