Ерменски Алашкерт, противникот на Македонија Ѓорче Петров во првото квалификациско коло во Лига Европа го доведе и седмото засилување летово пред стартот на летната авантура, па во овој тим дојде Бразилецот Галвао Силва Тијаго, фудбалер кој има искуство со настапи во соседна Србија.
Тијаго е фудбалер за врска кој пет години играл во српската Суперлига, прво три години во Слобода Ужице, а потоа по една сезона во Борац Чачак и Чукарички, а воАлкашерт доаѓа откако од лани беше дел од малтешка Флоријана. Станува збор за фудбалер кој го засилува средниот ред и тоа офанизвниот дел, а може да игра и како истурен напаѓач, па на Ерменцитеќе им биде засилување плус во обидот да ги минат „лавовите“. Патем има играно и за најдобриот молдавски клуб Шериф Тираспол и за португалски Чавез.
Интересно во 2013 година, Партизан и Црвена Звезда сакале да го ангажираат овој фудбалер, откако оставил многу добар впечаток во српската елита, а Слобода Ужице одбила потоа 450 илјади евра од руски Ростов за трансфер на овој фудбалер. Тијаго е седмо засилување, откако во клубот досега дојдоа дефанзивците Арам Шаканазаријан, Гор Погосјан,фудбалерите за врска Сагрис Шахинјан и Ваган Харпетјан, како и напаѓачите Михран Манасјан и Вардан Погосјан.
Алашкерт е домаќин на првиот меч со ѓорчепетровци в четврток од 17 часот по македонско време, а реваншот е за седум дена на тренинг-центарот на ФФМ од 16.30 часот.