20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Акционерите на Комерцијална банка решија да поделат дивиденда

Најчитани вести

Комерцијална банка АД Скопје вчера го одржа своето редовно годишно собрание, на кое акционерите учествуваа и гласаа преку писмена кореспонденција, a со цел почитување на мерките за спречување на ширење на ковид-19.

Акционерите потврдија дека банката ја заврши 2020 година со бруто-добивка во износ од 2.067,1 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 155,1 милиони денари, нето-добивката на банката изнесува 1.911,9 милиони денари. Акционерите на банката донесоа одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.911,9 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 60% од номиналната вредност на акцијата, односно по 600 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне по истек на дваесет дена од денот кога за банката ќе престане да важи ограничувањето од НБРСМ за распределба и исплата на дивиденда за 2020 година. Заради зголемување на вкупниот капитал на банката и на книговодствената вредност на акциите на банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 294,5 милиони денари да се издвои во резерви. Исто така, дел од добивката во износ до 250 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2021 година. Акционерите донесоа одлука и задржаната добивка од 2018 година во износ од 323 милиони денари да се прераспредели во резерви на банката.

Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на банката и консолидираната годишна сметка на банката за 2020 година, како и извештајот за усогласеноста на работењето на банката со кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза во 2020 година, соопшти Комерцијална банка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести