16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Акцизите на горивото намалени за 50 отсто, а се намалува и ДДВ за храната во Црна Гора

Најчитани вести

Собранието на Црна Гора ги усвои измените на Законот за акцизи со кои се предвидува намалување на акцизите на горивото до 50 отсто.

Пратениците ги усвоија и измените на Законот за данокот на додадена вредност со кои се предвидува времено укинување на ДДВ за брашното и маслото за јадење, намалување на стапката на ДДВ на седум отсто за солта и другата егзистенцијална храна, пренесува Вијести.

Тие закони ги подготви старата влада, а новата остана со речиси истите предлог решенија.

За измените на законот за акцизи гласаа 49 пратеници, а за измените на ДДВ за храна 50 пратеници.

Како што најави министерот за финансии, Александар Дамјановиќ, акцизите на горивата засега ќе се намалат за 40 отсто, што по сегашните цени би значело намалување на цената на дизелот за 21,3 центи и на бензините за 26,6 центи.

Дополнително, собранието изгласа зголемување на акцизата на тутунските производи, со што цената на кутија цигари ќе се зголеми за околу 10 центи од 1 јуни, а потоа ќе се зголеми за дополнителни 10 центи од 1 јануари 2023 година.

Дел од пратениците изразија сомнеж дека граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките од понискиот ДДВ за основните животни производи, бидејќи сметаат дека трговците нема да ги намалат цените на пазарите, пишува подгоричкиот весник.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com