9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Активноста на вулканот на Нов Зеланд ја одложи потрагата по жртвите

Најчитани вести

Вулканот на Нов Зеланд денеска повторно исфрли пареа и кал при зголемена активност, што доведе до ново одложување на потрагата по телата на жртвите од смртоносната ерупција пред два дена.

Вулканската активност на Белиот остров се зголеми утринава, проследена со исфрлање на пареа и кал, што не е забележано од ерупцијата во 2016 година, соопшти новозеландската агенција за надзор на сеизмичкото следење ГеоНет.

– Ги толкуваме овие сигнали како доказ за постојан висок притисок на гас внатре во вулканот, наведува агенцијата, додавајќи дека ситуацијата и понатаму е неизвесна во врска со идните активности и веројатно во следните 24 часа ќе се случат уште ерупции. Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека овој вулкан е многу непредвидлив и веројатно ќе се разгледува прашањето дали во иднина ќе биде отворен за туристите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com