9.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Активни 10.819 ковид случаи, ревакцинирани 44 отсто од полнолетните граѓани

Најчитани вести

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 193.458, од кои во моментов активни се 10.819, откако вчера беа регистирани 406 нови случаи од вкупно направени 3.149 тестирања.

Најголем број активни случаи има во Скопје и тоа 5.217, а потоа следуваат Куманово со 961 и Тетово со 836. По четири активни случаи има во Демир Капија и Пехчево, а само еден во Дојран.

Од почетокот на епидемијата бројот на оздравени пациенти е 175.881, а на починати 6.758.

Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на Ковид-19.

Надлежните аплираат граѓаните да ја искористат можноста и да се вакцинираат. Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, соопшти вчера Министерството за образование и наука.

Со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе го побараат тоа од медицински и од немедицински причини. МОН очекува дека со континуираната имунизација ќе се обезбеди дополнителна сигурност и услови за продолжување на наставата со физичко присуство.

Од понеделник треба да почне и најавениот скрининг на околу 8.200 ученици во основните и средните училишта со цел да се добие податок дали има трансмисија на вирусот во училиштата. Тестирањето за присуство на Ковид-19 со земање брис ќе биде по случаен избор на учениците од регистарот на Е-дневник и со согласност на нивните родители.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека е планирано скринингот да трае пет дена и дневно по околу 1.600 деца да бидат тестирани во самите училишта од мобилни екипи.

Од ресорното Министерство информираат дека вакцинацијата се одвива непречено. Заклучно со 5 октомври, вкупно се вакцинирани 792.174 граѓани, ревакцинирани се 740.822, а трета доза примиле 499 граѓани.

Ревакцинирани се 53 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години.

Низ земјава почна вакцинација и со трета доза. За почеток трета доза ќе примат здравствените работници, кои пред повеќе од шест месеци се ревакцинирани, а претстои вакцинација и на населението.

Во Албанија, пак, почетокот на новата академска 2021/2022 година е одложен за 18 октомври поради малиот процент вакцинирани студенти, што е услов за влез во универзитетите. За таа цел следната недела ќе биде „Недела за масовна вакцинација на студентите”.

Шведска нема да ја користи вакцината на „Модерна” против Ковид-19 за луѓе родени во 1991 година и порано, по извештаите за можни ретки несакани ефекти, како што е миокардитис, објави вчера шведскиот Институт за јавно здравје.

Институтот соопшти дека податоците укажуваат на поголема инциденца на миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на слузницата на срцето) кај младите луѓе кои биле вакцинирани.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Русија вчера првпат надминаа 900 за еден ден и изнесува 929. Ова е четврти рекорд на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Русија овој месец. Последниот рекорд беше регистриран кога починаа 895 луѓе. Здравствените власти вчера пријавија и 25.133 нови случаи на инфекција со коронавирус. Зголемувањето на бројот на заразени почна кон крајот на минатиот месец.

Повеќе од 3,1 милиони луѓе се заразени со коронавирус ширум светот во изминатата недела, а повеќе од 54.000 починаа. Според Светската здравствена организација, бројот на нови инфекции се намалил за девет отсто за седум дена, а смртните случаи за четири отсто. За седум дена, регистрирани се 3.118.410 заразени и 54.221 смртни случаи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com