9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

АКТИВНИ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ Стивнува ли кај Раовиќ?

Најчитани вести

Активни се четири пожари во земјава. Сѐ уште е активен пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ во општина Сарај, на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Во текот на утринските часови не се гледа ни чад, ни оган на кракот кон селото Раовиќ кај антената на „Т-мобиле“. Сѐ уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума, соопшти на денешната редовна прес-конференција Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица во општина Прилеп, но засега нема опасност од проширување.

Повторно е активиран пожарот на планината Готен кај селото Нивичино, кај местото Калинско.

– Во моментов интервенираат лица од Шумското стопанство „Беласица“, а на истиот пожар, кој гори и од страна на беровска територија интервенираат лица од Шумското стопанство „Малешево“ од Берово и од Шумското стопанство „Равна река“, екипа на Територијалната противпожарна единица од Берово, лица од Дирекцијата за заштита и спасување, како и месното население од село Владимирово – рече Вчкова.

Активен е и пожарот во селата Куново, Којково и Луково во Кратовско. Гори шумска постелка и суви корења. Во моментов се прави проценка за опасност од проширување на овој пожар, по што ќе биде одлучено за понатамошниот тек за гаснење.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com