7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Активистот од Левица повикан во полициска станица по инцидентот во Прилеп

Најчитани вести

Иван Јованоски, активистот на Левица кој со десетина лица го блокираа пристапот до Могилата на владината делегација на 11 октомври, бил повикан во полициска станица, објави претседателот на партијата Димитар Апасиев.

-Народниот херој од 11 октомври од Прилеп – носителот на нашата советничка листа Иван Јованоски, кој му го покажа местото на Заев на буништето од Историјата – денес е повикан на распит во полициска станица!? ..напиша Апасиев на својот фејсбук профил во кој и реагира дека рапери кои се на советничката листа на Левица за Аеродром наместо прекршочно се гонат кривично.

Од МВР за Канал 5 велат дека:

-НА 13.10.2021 во ПС Прилеп повикан е И.Ј (32) ОД Прилеп врз основа на чл.13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, поради омаловажување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата.- МВР.

Делегациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, од Владата, од Собранието, од Армијата, од Сојузот на борци, дипломатски делегации и други, мораа да ги заобиколуваат за да стигнат до местото каде требаше да положат цвеќе и да оддадат почит.

За време на настанот во понеделникот дојде и до дофрлање меѓу Јованоски и премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев ден потоа во гостување на ТВ Алсат во врска со настанот рече дека жали, додавајќи дека членови на Левица го окупирале просторот.

Од Левица за настанот тврдеа дека во Прилеп немало никаков обид за инцидент туку било како што велат, израз на народниот непокор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com